Соопштение за јавност 27.1.2023

Градот Скопје и годинава со финансиска поддршка на дневните центри за стари лица и центарот за давање помош во домашни услови на Црвениот крст на град Скопје.

Со овој социјален сервис се подобрува квалитетот на животот на над 800 лица. Повеќе од 150 лица од целиот град ги посетуваат дневните центри со локација во Домот на хуманитарни организации Даре Џамбаз во Центар, Црвен крст Чаир и Дитурија во Сарај.

Со овој сервис опфатени се и 200 изнемоштени стари лица кои живеат сами на територија на општините Центар, Чаир, Сарај, Шуто Оризари, Бутел, Кисела Вода, Kарпош, Аеродром и Ѓорче Петров кои добиваат грижа во домашни услови.

Градот Скопје ја следи работата на постојните центри и во соработка со Црвениот крст на град Скопје континуирано работи и развива програми и проекти што им помагаат на старите лица да имаат повисок квалитет на живот.