Град Скопје за наредната година издвојува рекордна сума буџетски средства за субвенции за инвертери 28.12.2021
Рекордни 24 милиони денари свои средства издвојува Град Скопје од буџетот за 2022-ра година за субвенции за купување инвертер клима уреди. Ова е најголема сума на средства кои биле издвоени во изминатите години.
Град Скопје од свои буџетски средства оваа година издвојува рекордни 24 милиони денари за субвенции за купување на инвертер клима уреди, за разлика од претходните две години, кога во буџетот за оваа мерка немаше воопшто средства на Град Скопје, односно парите за субвенции беа обезбедени од Владата.
Од својот буџет Скопје последен пат финансии за оваа точка издвоил во 2019-та година кога беа дадени 20 милиони денари.
Сумата која беше издвоена во 2018-та година беше уште помала, односно само 10 милиони денари.
Во четири години водење на Град Скопје од поранешниот градоначалник Петре Шилегов за субвенции за инвертер клима уреди од пари на Градот издвоени беа вкупно 30 милиони денари, додека сега, само за 2022 година се предвидени 24 милиони денари.
- ВЕСТИ
- 08.10.2024 - Соопштение за јавност
- 01.10.2024 - Соопштение за јавност
- 25.09.2024 - Соопштение за јавност: Авионска и терестрична дезинсекција против комарци
- 20.09.2024 - Соопштение за јавност
- 20.09.2024 - Соопштение за јавност
- 18.09.2024 - Соопштение за јавност: Oтворање на културната манифестација „Ритамот на чаршијата
- 15.09.2024 - Соопштение за јавност
- 13.09.2024 - Соопштение за јавност
- 11.09.2024 - Соопштение за јавност: Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата
- 07.09.2024 - Соопштение за јавност