СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ОНЛАЈН ЌЕ ЈА ОДРЖИ 52-ТА СЕДНИЦА 30.6.2020
Советот на Град Скопје денеска, преку конференциска врска, ќе ја одржи 52-та седница, на која ќе се дискутира за повеќе одлуки и извештаи.
На денешната седница Советот на Град Скопје ќе расправа за Извештајот за остварени финансиски резултати од работењето на ЈП депонија Дрисла - Скопје за период I-III 2020 година, како и за Одлуката за давање согласност на Програмата за изменување и дополнување на Програмата за хуман третман и благосостојба на животни скитници на подрачјето на Град Скопје, на ЈП Лајка - Скопје, за 2020 година.
На седницата Советот ќе расправа и за Предлог-Одлуката за изменување на Одлуката за уредување на начинот на плаќање на продадениот удел на Градот Скопје во изградбата на Повеќенаменска спортска сала Борис Трајковски. Со оваа одлука се надополнува постојната одлука и предвидената динамика за исплаќање, односно ратата за 2020 година се одложува поради новонастанатата состојба предизвикана од светската пандемија од Ковид 19, а истата ќе продолжи со исплата на ратите од наредната 2021 година.
Советот на Град Скопје денеска ќе расправа и за Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Карпош за финансиско учество за целосна реконструкција на улици во Нерези во Општина Карпош. Станува збор за одлука со која ќе се обезбедат финансиски средства за реконструкција на неколку улици околу муслиманските гробишта во населбата Нерези, поточно за реконструкција и проширување на улицата кон гробиштата, како и улиците десно и лево од гробиштата. Сумата за овие градежни зафати е проценета на околу 5 милиони денари, а со оваа одлука Град Скопје ќе учествува во реализацијата на овој проект со износ од 3.500.000,00 денари без ДДВ.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
