
Градоначалничката Арсовска ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и ЕУ Комитетот на регионите 04.5.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во Брисел го ко-претседава Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и ЕУ Комитетот на регионите, заедно со Јасна Габриќ од Словенија.
- Во политиката за проширување на ЕУ, Европскиот комитет на региони има улога директно во рамките на Договорите за стабилизација и асоцијација, од каде е назначен Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК). Според тоа, Европскиот комитет на региони има законска должност да ја претставува ЕУ во долгорочна мисија да им помогне на земјите-партнери да се подготват за членство во ЕУ. Локалните власти треба да бидат целосно подготвени за пристапниот процес, бидејќи над 70 проценти од законодавството на ЕУ ќе има влијание токму врз нив. - истакна Арсовска
Делегатите и експертите на состанокот дискутираа на две теми. Првата тема посветена на активностите и состојбите околу пристапниот процес на Македонија кон Европска Унија, а втората тема се однесуваше за неопходните вештини на општините во Македонија и размена на најдобри практики.
Заедничкиот консултативен комитет на Европскиот комитет на региони се состанува двапати годишно, еднаш во Брисел за време на годишниот Ден на проширувањето и еднаш во земјата партнер. За да се прослави 2023 година како Европска година на вештини, заедничкиот комитет на Денот на проширувањето е посветен на оваа тема и е организиран во соработка со шведското претседателство со Советот на ЕУ.
- ВЕСТИ
- 28.05.2023 - Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво”
- 26.05.2023 - Скопје добива нова ботаничка градина во ЗОО Скопје
- 26.05.2023 - Град Скопје дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз
- 23.05.2023 - Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци
- 23.05.2023 - Основана Федерација на угостителско-туристички училишта со седиште во Скопје
- 21.05.2023 - Прв до врв 2023
- 20.05.2023 - Одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари
- 16.05.2023 - Град Скопје со изведба на теренски вежби за спасување од под урнатини
- 10.05.2023 - Награда за Град Скопје на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ во организација на Црвен крст на град Скопје
- 05.05.2023 - Мурали со пораки за мир во светот од меѓународни уметници во Скопје