Соопштение за јавност 13.6.2025

Град Скопје и оваа година продолжува со мерката за субвенционирање на замена на азбестни покриви, со цел подобрување на условите за живеење и заштита на животната средина. На јавниот повик може да се пријават граѓани, жители на градот Скопје, за добивање субвенции за замена на постоечки азбестни покриви на индивидуални станбени објекти (куќи).
• Градот ќе субвенционира до 50% од вредноста на инвестицијата, но не повеќе од 100.000 денари по лице.
• За оваа намена, од Буџетот на Град Скопје се обезбедени 1.000.000 денари.
Јавниот повик е отворен до 15 октомври 2025 година, или до исцрпување на средствата.
Право на учество имаат сопственици на индивидуални станбени објекти/ куќи/ во кои живеат на териториите на општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари; Имаат азбестен покрив на својот дом; Немаат претходно користено субвенции за иста намена; Ќе склучат договор со лиценциран изведувач; Ќе обезбедат правилно отстранување на азбестниот отпад, согласно законската регулатива.
Условите за аплицирање, потребната документација, начинот на пријавување ќе бидат достапни во јавниот повик апликационите образци достапни на www.skopje.gov.mk.
Барањата, треба да се достават до Архива на Град Скопје (барака 16),
секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот.
Сите пријави ќе се разгледуваат според точен датум и време на пристигнување. Образецот за Барање и Изјавата може да ги преземете од веб-страницата на Град Скопје: www.skopje.gov.mk
За повеќе информации, заинтересираните може да се обратат до Секторот за заштита на животната средина на Град Скопје.