29.12.2020По повод Нова година, Град Скопје со желба за многу среќа и здравје во 2021 додели пакетчиња за социјално ранливи категории деца од институции кои традиционално ги помага.
28.12.2020На денешната седница на Советот на Град Скопје советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи на градот.
28.12.2020Градоначалникот Шилегов, на сите свои сограѓани им упати честитка за Новата 2021 година во која им пожели да им биде исполнета со многубројни моменти на среќа и благосостојба, како и здравје за нив и за нивните најмили, и им порача да ја дочекаат во празнично расположение...
25.12.2020Градот Скопје денеска почна голема акција за расчистување на дивата депонија во Визбегово, која претставува повеќедецениски еколошки проблем за Скопје, а особено за жителите на околните општини Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево.
25.12.2020Градот Скопје и Агенцијата SWOT Research ги избраа најдобрите трговски објекти во Скопје, во повеќе дејности, во рамките на традиционалната манифестација „Месец на трговијата 2020", која годинава се организира по 14–ти пат.
24.12.2020Градот Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата, по 13-ти пат го реализира проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје за 2020 година.
24.12.2020Градот Скопје денеска и официјално ја стави во употреба велосипедската патека на улицата Никола Парапунов која беше реконструирана оваа есен, како дел од градежната офанзива за 2020 година.
23.12.2020На аголот помеѓу булеварот Илинден и улицата Никола Тесла, до гимназијата „Орце Николов“, редизајнирана е зелената површина и целосно е уреден првиот сквер согласно со потребите на граѓаните за одмор, релаксација, дружење и сл.
22.12.2020Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и општините во Скопје за заловување на кучиња е една од поважните одлуки за која ќе одлучуваат советниците на денешната 61-ва седница.
21.12.2020Повеќедецениската дива депонија во населбата Мичурин од која годинава екипите на Град Скопје расчистија 15.000 кубни метри отпад, денес е нов зелен парк за граѓаните.
17.12.2020Развојниот план за изградба и одржување на паметно јавно осветлување на улици во надлежност на Град Скопје и платформа за паметен град на подрачјето на Град Скопје за период (2021-2023) година е една од главните точки за која ќе расправа Советот на Град Скопје на денешната 60-та седница.
16.12.2020Нов дрворед со околу 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести растенија со црвени листови деновиве е формиран по должината на булеварот 8.Септември, во есенската акција на Град Скопје за раззеленување на јавните површини.
15.12.2020Кампањата на Град Скопје за бесплатно собирање остатоци од берба која има за цел да се спречи палењето на стрништата за оваа година заврши и даде добри резултати.