ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 393 ВОЗИЛА

14.12.2020 Паркингот на Водно во текот на викендов го искористиле 393 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Повеќе

СКОПЈЕ ДОБИ УШТЕ ЕДЕН МОДЕРЕН БУЛЕВАР – ПРВИОТ ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ

14.12.2020 Екипите на Град Скопје ја завршија изградбата на првиот дел од новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина, кој изминативе месеци прерасна од улица со две ленти во современо булеварско решение со шест сообраќајни ленти и комплетна инфраструктура.

Повеќе

ОД ДЕНЕСКА СЕ ГРАДИ И ПРОШИРУВА БУЛЕВАРОТ НИКОЛА КАРЕВ ДО МОМИН ПОТОК

12.12.2020 Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа втората фаза од изградбата и реконструкцијата на булеварот Никола Карев, на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин поток. Градежни работи ќе се изведуваат на траса долга околу 1 километар, а покрај реконструкцијата на постојниот коловоз предвидено е и негово проширување на 4 сообраќајни ленти со ширина од 3,5 метри, разделно зеленило и мешани пешачко-велосипедски патеки од двете страни.

Повеќе

НЕКОГАШНИОТ НАПУШТЕН ПРОСТОР ВО КИСЕЛА ВОДА Е НОВ ЗЕЛЕН ПАРК ЗА ГРАЃАНИТЕ

11.12.2020 Напуштениот простор во Кисела Вода, лоциран меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга, зад бараките во населбата 11 Октомври, денес е нов зелен парк, на површина од околу 16.000 квадратни метри. На овој простор деновиве се засадени околу 200 висококвалитетни дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и ќе го раззеленат овој јавен простор кој до неодамна беше дива депонија.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 148 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

10.12.2020 Во текот на изминатата недела (03.12 – 09.12.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 148 возила од јавните површини.

Повеќе

ЗАЕДНИЧКИОТ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР МЕЃУ ГРАДОТ И ОПШТИНИТЕ ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

09.12.2020 На денешната 59-та седница Советот на Град Скопје ќе одлучува за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Градот Скопје и општините за заедничко вршење на надлежности од областа на инспекцискиот надзор.

Повеќе

ЗАЗЕЛЕНУВА И НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК НА КЕМАЛ СЕЈФУЛА

08.12.2020 Новиот кружен тек во Чаир на улицата Кемал Сејфула денеска е раззеленет со 300 садници, а на улицата Втора македонска бригада е подигнат нов дрворед со над 200 висококвалитени дрвја. На денешното раззеленување во Чаир присуствуваше градоначалникот Шилегов.

Повеќе

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 575 ВОЗИЛА

07.12.2020 Паркингот на Водно во текот на викендов го искористиле 575 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Повеќе

ВЕЧЕР ЌЕ СВЕТНЕ НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“

07.12.2020 Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне вечер во 19 часот, како предвесник на новогодишното празнување во Скопје.

Повеќе

СВЕТНА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА ВО СКОПЈЕ

07.12.2020 Со вeчерашното светнување на елката на плоштадот „Македонија“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје.

Повеќе

НОВИ ДРВОРЕДИ СО 520 ДРВЈА ВО НОВИОТ ПАРК  ВО МИЧУРИН

05.12.2020 Во новиот парк во Мичурин во Аеродром, се засадија 520 нови листопадни и зимзелни дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и ќе го раззеленат овој јавен простор кој до неодамна беше дива депонија.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 265 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

03.12.2020 Во текот на изминатата недела (26.11 – 02.12.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 265 возила од јавните површини.

Повеќе

100.000 ДЕНАРИ НАГРАДА ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА МЛАДИОТ БОКСЕР АРДИЈАН АЗЕМИ

03.12.2020 Младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за младинци, кое пред две недели се одржа во Будва, денеска гостуваше кај градоначалникот Петре Шилегов.

Повеќе

СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: СО ЗДРУЖЕНИ СИЛИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ НЕРЕДОТ И ЗАГАДУВАЊЕТО

02.12.2020 Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалниците на 10-те скопски општини денеска потпишаа меморандум за соработка за заедничко вршење на надлежностите во делот на инспекцијата.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: ВЧЕРА ЗАГУБИВМЕ ГОЛЕМ ЧОВЕК, ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ

02.12.2020 Во чест и сеќавање на Енвер Малиќи денеска со едноминутно молчење почна и се одржа онлајн комеморативна седница што беше пренесувана на фејсбук каналот на Град Скопје.

Повеќе

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 665 ВОЗИЛА

30.11.2020 Паркингот на Водно во текот на викендов го искористиле 665 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Повеќе

ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА ЗА 2020 ГОДИНА Е ЗАВРШЕНА

29.11.2020 Во текот на иницијативата на Град Скопје, беа реконструирани 15 сообраќајници низ сите општини во Скопје, додека во процес на изградба се и уште три нови сообраќајници.

Повеќе

Соопштение 27.11.2020 -ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК  ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ

27.11.2020 Град Скопје ги потсетува граѓаните дека викендов можат да ги исчистат своите оџаци и да аплицираат за субвенции в понеделник (30.11 до 15 часот), кога е крајниот рок за аплицирање за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 229 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

26.11.2020 Во текот на изминатата недела (19.11 – 25.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 229 возила од јавните површини.

Повеќе

ЗА „BLACK FRIDAY“ ОДЛОЖЕТЕ ГО КАБАСТИОТ ОТПАД НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО

26.11.2020 Град Скопје оваа година спроведува кампања за правилно одложување на кабастиот отпад за време на „Black Friday“. Поучени од искуствата за време на „Black Friday“, повторно ќе бидат засилени инспекциските контроли за неправилно одложување на кабастиот отпад, а прекршителите ќе бидат санкционирани.

Повеќе