27.11.2020 Град Скопје ги потсетува граѓаните дека викендов можат да ги исчистат своите оџаци и да аплицираат за субвенции в понеделник (30.11 до 15 часот), кога е крајниот рок за аплицирање за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.