
ШИЛЕГОВ: НОВИОТ ЗЕЛЕН ПОКРИВ ГОТОВ ВО АПРИЛ ИДНАТА ГОДИНА 28.12.2020
На денешната седница на Советот на Град Скопје советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи на градот.
Меѓу советничките прашања поставени до градоначалникот, Шилегов беше запрашан и за реализацијата на новиот зелен покрив на Дом на градежници, и кога истиот би бил завршен. Во однос на ова прашање градоначалникот Шилегов одговори дека активностите за изградба на вториот зелен покрив во Скопје се интензивирани независно од претстојните празници и дека скопјани новиот зелен покрив ќе го добијат во април идната година. Градоначалникот потсети дека целта на проектот е заштита на животната средина, создавање на подобро место на живеење и подобар квалитет на живот.
Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови дрвја, средно и ниско зеленил, а ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите. Предвидено е да се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино.
Инаку запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот.
Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје (во вредност од околу 18,5 милиони денари), а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП.
- ВЕСТИ
- 01.12.2023 - Се реализира втора фаза од стратешкиот проект за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи
- 29.11.2023 - Соопштение за јавност
- 23.11.2023 - ГРАДОТ СКОПЈЕ СО ARTech И САЕМ ЗА МЛАДИ ГИ ПРОМОВИРА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ
- 23.11.2023 - Градот Скопје започна со реконструкција на мостот на улица 10 во општина Карпош
- 23.11.2023 - Соопштение за јавност
- 20.11.2023 - Соопштение за јавност
- 20.11.2023 - Градоначалничката Арсовска ја отвори регионалната конференција за зајакнување на претприемништво
- 20.11.2023 - ЗАПОЧНА ЗАВРШНАТА ФАЗА НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „808“ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
- 18.11.2023 - УПРАВНИОТ ОДБОР НА ГЛОБАЛНИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО СКОПЈЕ
- 17.11.2023 - Реализирано уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, реконструирана улицата Никола Карев