09.10.2020 Уредувањето на Сквер Јадран, во центарот на градот, е во целосна согласност со тенденцијата на Град Скопје да ослободи и да уреди колку што е можно повеќе простор за пешаците и за велосипедистите, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на реконструкцијата на овој сквер.