ГРАД СКОПЈЕ СО ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИЗМИР, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА 02.11.2020
Советот на Град Скопје на денешната 9-та вонредна седница донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Измир, во кој животот го загубија повеќе од 60, а повредени се околу 900 лица.
Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, износ што го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики.
Градоначалникот Шилегов на седницата изјави дека Скопје знае што значи солидарноста во време на природни катастрофи и затоа потребата да се помогне на нашите пријатели во неволја е нужна и неминовна. Тој, до градоначалникот на Измир, Тунч Сојер, упати длабоко сочувство за настраданите и му пожела брзо санирање на штетите и враќање на животот во нормала.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
