ВО НЕДЕЛА ПРИВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА НЕКОЛКУ СООБРАЌАЈНИЦИ, ЗАРАДИ МАРАТОНОТ

02.10.2020 Ги известуваме граѓаните дека во недела (04.10.2020 година) во периодот од 7 до 14 часот на неколку сообраќајници во градот ќе има изменет режим на сообраќај, поради одржувањето на 16.Виз Ер Скопски маратон.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 305 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

01.10.2020 Во текот на изминатата недела (24.09 – 30.09.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 305 возила од јавните површини.

Повеќе

НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН ШИЛЕГОВ И ЦАРОВСКА ВО ПОСЕТА НА СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

01.10.2020 Градоначалникот Петре Шилегов и министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска го посетија средното училиште на Град Скопје „Орце Николов“, на првиот училишен ден во новата учебна 2020/2021 година.

Повеќе

ВО НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ТРЧА 16. ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

01.10.2020 Само три дена не делат од почетокот на најмасовната спортска манифестација во земјава Виз Ер Скопски маратон на која на градските улици ќе учествуваат неколку илјади маратонци, полумаратонци и рекреативци.

Повеќе

НАСКОРО НОВ ЛИК И ЗА УЛИЦАТА ВАСИЛ ЃОРГОВ

01.10.2020 Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза (улицата Водњанска).

Повеќе

ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА И УЛИЦАТА 11 ОКТОМВРИ КАЈ СТАРАТА ГРАДСКА БОЛНИЦА

30.09.2020 Улицата 11-ти Октомври на потегот од крстосница со булеварот Кочо Рацин до крстосница со улицата Стив Наумов за 30 дена ќе биде реконструирана и ќе биде обновено страничното зеленило.

Повеќе

ГОБЛЕНИ - ИЗЛОЖБА НА ФИЛИП ИВАНОВСКИ ПЕПЕ

29.09.2020 Третото по ред реализирање на КАЛЕИДОСКОП III 2020 год. се состои од самостојната изложба на Филип Ивановски Пепе насловена ГОБЛЕНИ, која ќе биде отворена од 30.09 - 04.10.2020 година.

Повеќе

ОТВОРЕН ПРВИОТ ВЕЛОШТАД ВО СКОПЈЕ

29.09.2020 Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир, денеска го отворија првиот плоштад за велосипеди во Скопје – Велоштад, кој произлезе како резултат на спроведената ревизија на велосипедски политики која Град Скопје ја спроведе..

Повеќе

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ  193  ВОЗИЛА

28.09.2020 Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно.

Повеќе

ПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ „БЕЗБЕДНИ СЕМЕЈНИ ПАРКИНГ ЗОНИ“ - ОБЕЗБЕДУВАМЕ СИГУРНИ ПАРКИНГ-МЕСТА ЗА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ И СЕМЕЈСТВАТА

28.09.2020 Градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов, денеска се обрати на прес-конференцијата по повод обележувањето паркинг-места за проектот „Безбедни семејни паркинг зони“, што се одржа во хотелот „DoubleTree by Hilton Skopje“.

Повеќе

ШИЛЕГОВ СО АПЕЛ: НЕ ГИ ПАЛЕТЕ СТРНИШТАТА, ГРАД СКОПЈЕ БЕСПЛАТНО ПОДИГА ОСТАТОЦИ ОД БЕРБА

27.09.2020 Градот Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување.

Повеќе

ЖИТЕЛИТЕ НА САРАЈ ГИ ПРЕДАВААТ СТАРИТЕ ПЕЧКИ НА ДРВА И НАФТА

26.09.2020 Во општина Сарај денеска почна големата еколошка акција на Град Скопје и Владата за предавање старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето.

Повеќе

МАКЕДОНСКАТА ПРЕМИЕРА НА „ХОМО“ НА ЗАТВОРАЊЕТО НА ФЕСТИВАЛОТ CINEDAYS

25.09.2020 Премиерата на филмот „Хомо“ на Игор Иванов на покривот на ГТЦ и концертот на ЗЏМ Колектив и гудачкиот оркестар во МКЦ парк вчеравечер го означија крајот на 19. издание на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS, кој годинава се одржа во нов термин, од 18 до 24 септември.

Повеќе

ШИЛЕГОВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ЗАЕДНО ДА ГО УРЕДАТ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

25.09.2020 На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS што вчеравечер се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар градоначалникот Петре Шилегов го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на овој култен објект во Скопје.

Повеќе

ЗА САМО ЕДЕН МЕСЕЦ ОБНОВЕНА УЛИЦАТА БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ, ВО ГАЗИ БАБА

25.09.2020 Со ноќното бележење на улицата Благоја Стефковски во Општина Гази Баба цел месец пред предвидениот рок завршија градежни работи за обнова на нејзиниот коловоз.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 358 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

24.09.2020 Во текот на изминатата недела (17.09 – 23.09.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 358 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 28 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 330 возила по налог на сообраќајната полиција...

Повеќе

ПОКАНА ЗА 56-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

24.09.2020 Советот на Град Скопје на ден 30.09.2020 година (среда) во 11 часот ќе ја одржи 56-та седница.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ: НА 193 ПРИЈАВЕТЕ ОГАН НА ОТВОРЕНО, ПРОДОЛЖУВА БОРБАТА ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

24.09.2020 На почетокот на есента и речиси еден месец пред почетокот на грејната сезона Градот Скопје ја продолжува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193.

Повеќе

ВО САБОТА БЕЛА НОЌ НА 10 ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ

23.09.2020 Скопје и скопјани по 16-ти пат, в сабота на 26. септември, ќе можат да бидат дел од Бела ноќ- градски културен настан кој стана традиционален.

Повеќе

ГРАДОТ СКОПЈЕ ПОЧНУВА СО  ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОКОТ НА ИМОТ И ФИРМАРИНА ЗА 2019

23.09.2020 Град Скопје ги известува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ број 61/2004....23/2016), започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019

Повеќе