06.03.2017Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека во деновите од претстојниот викенд /сабота 04.03 и недела 05.03.2017 година/ ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот Борис Трајковски.
03.03.2017Екипите на зимската служба на Град Скопје продолжуваат со активностите за расчистување на снегот од коловозите и од тротоарите на градските улици и булевари.
03.03.2017Градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска /04.02.2017 година, сабота/ по повод 145 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев, положија цвеќиња на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“.
03.03.2017Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, во изминативе денови интензивно работат на поставување заштитни столбови на повеќе локации во Скопје. Овие столбови се поставуваат за зголемување на безбедноста на пешаците и на велосипедистите.
02.03.2017Град Скопје и Советот за безбедност на патиштата во град Скопје, утре /02.03.2017 година, четврток/ во 12 часот, во паркот Жена Борец /спроти Собранието на Р. Македонија/ ќе одржи презентација на Училишната сообраќајна единица од СУГС „Боро Петрушевски“.
27.02.2017Во недела /17.09.2017 година/ Градот Скопје ги поканува граѓаните на големиот велопикник што ќе се одржи на паркингот на Средно Водно, од 9 до 13 часот, како дел од активностите во вториот дел од Европската недела на мобилноста 2017.
27.02.2017Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и од тротоарите на градските улици и булевари. За чистење на тротоарите ангажирани се 170 работници од ЈП „Комунална хигиена“ кои се на терен во три смени.
26.02.2017Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /23.01.2017 година, понеделник/ оствари средба со Здружението на пензионери на општина Центар, на која во знак на благодарност за поддршката што Градот Скопје во рамки на своите можности им ја дава и им излегува во пресрет на барањата.
20.02.2017Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите на градските улици и булевари.
17.02.2017Советот на Град Скопје, вчера /26.01.2017 година/ ја одржа својата 75-та седница, на која беа донесени голем број на одлуки, програми и согласности.
17.02.2017Утре /16.02.2017 година, четврток/ во 13 часот Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 76-та седница. На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред: - Усвојување на записникот од седумдесет и петтата седница на Советот на Град Скопје
15.02.2017Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината.
11.02.2017Утре, 11.02.2017 година (сабота), во 12 часот, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски ќе одржат прес-конференција пред ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром.
10.02.2017Градот Скопје смета дека има голем простор за помасовно користење на бесплатниот јавен превоз од граѓаните и апелира истите да ги остават автомобилите и да ги користат бесплатните услуги на јавните превозници, во овој период на голема загаденост на воздухот.
09.02.2017Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ и до 7 часот сабајле фрлија 60 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места. Екипите на зимската служба се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од улиците и тротоарите.
08.02.2017Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната /06.02.2017 година/ прес-конференција објави итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот.
08.02.2017Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на на снегот од тротоарите на градските улици и булевари. ЈП „Комунална хигиена“ со 80 работници на терен го расчистува снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.
07.02.2017Во текот на изминатата ноќ екипите на зимската служба на Град Скопје фрлија 60 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места, и сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.
07.02.2017Бобан Павловски од Охрид го фати светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје, кој традиционално се спушта по повод православниот празник Богојавление-Водици. Пред неколку илјади присутни, Бобан беше најсреќен од повеќе од 100 лица кои беа во трка по светиот крст.
06.02.2017Денес /06.02.2017 година, понеделник/ во 12 часот, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе одржи прес-конференција за загаденоста на амбиенталниот воздух. Прес-конференцијата ќе се одржи во салата са состаноци на градоначалникот на град Скопје (бул. Илинден бр. 82, барака 4).