ПАРАДНО КОНЦЕРТИРАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР 03.4.2017
Утре /1 април 2017 година (сабота)/ со почеток во 11 часот, Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар, ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје.
Градскиот дувачки оркестар ќе тргне од Музејот на град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до Плоштадот Македонија. Во рамки на дефилето ќе бидат отсвирени композиции таканаречени чекорници, како и делови од најпознатите светски маршови соодветни за вакви парадни концерти.
На оваа саботна музичка променада, ќе биде изведена следната програма:
- Младинска чекорница
- Вардаре македонски
- Патриотска чекорница
- Дикси парада
- Вашингтон пост марш
- 3-та македонска бригада
- Огномет на слободата
- Во спомен на Ваташа
- Работнички
- За сите деца
Овој концерт е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
