ВИКЕНДОВ 49-ТО ИЗДАНИЕ НА ИКАС 2017 09.4.2017
Во текот на следниов викенд (8 април, сабота и 9 април, недела), во Спортскиот рекреативен центар Матка, ќе се одржат полуфиналните и финални трки во рамки на 49-от Илинденски кајак слалом ИКАС 2017.
Квалификациони натпревари ќе се одржат в сабота од од 08:30 до 17:30 часот.
Полуфиналните натпревари во сите категории (K–1 жени, Ц-1 и Ц-2 жени, K-1 мажи) ќе почнат в недела од 10:30 часот, финалните натпревари ќе се одржат од 12:30 до 13:30 часот, а прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите ќе се одржи од 14:15 до 15 часот.
За сите граѓани кои сакаат да ги проследат атрактивните кајак натпревари на 8 април (сабота) и 9 април (недела) во СРЦ МАТКА ќе има бесплатен превоз со автобусот број 60.
Сабота и недела автобус број 60 ќе сообраќа на релација Транспортен центар Скопје-СРЦ МАТКА во 10:30 часот и СРЦ МАТКА -Транспортен центар во 14:40 и во 16:20 часот.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
