ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

25.08.2016 Утре /26.08.2016 година, петок/ во 13 часот, Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 70-та седница. На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

Повеќе

ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

25.08.2016 Градот Скопје, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и Скопската Бискупија Ве покануваат на прес-конференцијата што ќе се одржи утре /26.08.2016 година, петок/ во 11 часот, во салата до Кабинетот на градоначалникот на Град Скопје (бул. Илинден бр. 82, барака 4).

Повеќе

ПЕТТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ОВА ЛЕТО

25.08.2016 Градот Скопје ги известува граѓаните дека пeттиот наврат од авионската и од терестричната дезинсекција во 2016 година, против возрасни форми на комарци, ќе почне на 27.08.2016 година (авионска) и 28.08.2016 година (терестрична).

Повеќе

150 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОШТЕТЕНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ПОПЛАВИТЕ ОД 6-ТИ АВГУСТ

25.08.2016 Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради остварување на заедничка цел изградба, реконструкција и санација на улици во населени места во Општина Гази Баба е најважната одлука која беше донесена на 69-та седница на Советот на Град Скопје

Повеќе

01.09.2016

25.08.2016 ПЕТТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ОВА ЛЕТО

Повеќе

ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ

23.08.2016 Утре /24.08.2016 година, среда/ во 13 часот, Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 69-та седница.

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ НА ТЕРЕН ВО ПОПЛАВЕНИТЕ РЕГИОНИ

23.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија ги продолжуваат деноноќните активности на терен за расчистување на последиците од катастрофалното невреме што во саботата го зафати Скопје.

Повеќе

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД  ДИПЛОМАТСКИОТ КОР И ДЕНЕСКА СЕ ПОТПИШУВАА ВО КНИГАТА НА ЖАЛОСТ

23.08.2016 Претставници на дипломатскиот кор во земјава и денеска се потпишуваа и го изразуваа своето сочувство во книгата на жалост за жртвите во катастрофалното невреме во Скопје.

Повеќе

МЕХАНИЗАЦИЈА И ЛУЃЕ РАБОТАТ ВО СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА ПОГОДЕНИ ОД ПОПЛАВАТА

22.08.2016 Во текот на денешниот ден /11.08.2016 година, четврток/ екипите на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија, екипите на државните претпријатија, АРМ и голем број на волонтери работеа на расчистување на сите населени места кои беа погодени од големото невреме во саботата.

Повеќе

ЗАПОЧНА ТАМПОНИРАЊЕТО НА УЛИЦИТЕ ВО ПОДРАЧЈАТА ПОГОДЕНИ ОД НЕВРЕМЕТО

22.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски денеска /22.08.2016 година, понеделник/ извршија увид во активностите на терен во населеното место Сингелиќ

Повеќе

ПОЧНУВА МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СКОПЈЕ 2016“

22.08.2016 Во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и хотелот „Солун“ денеска /22.08.2016 година/ почнува со работа 11.Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2016“ и ќе трае до 1 септември.

Повеќе

ТРАЈАНОВСКИ ВО УВИД НА АКЦИЈАТА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

19.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и советничката во Советот на Град Скопје, Елизабета Гиовска, денеска /19.08.2016 година/ беа во увид на активностите за расчистување на теренот во Смилковци, Црешево, Виниче

Повеќе

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД  ДИПЛОМАТСКИОТ КОР СЕ ПОТПИШУВААТ ВО КНИГАТА НА ЖАЛОСТ

18.08.2016 Претставници на дипломаткиот кор во земјава вчера и денеска се потпишуваат и го изразија своето сочувство во книгата на жалост за жртвите во катастрофалното невреме во Скопје, што е отворена во просториите на салата на Советот на Град Скопје (барака број 13).

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ВО УВИД НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО СИНГЕЛИЌ

18.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /18.08.2016 година, четврток/ изврши увид на поголем број на локации во населеното место Сингелиќ каде се извршуваат активности за расчистување на теренот.

Повеќе

СЕ РАСПРЕДЕЛУВААТ ПУМПИТЕ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРУМИ И ДВОРОВИ ВО ИНЏИКОВО

16.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија, денеска /09.08.2016 година/ е во посета на населеното место Инџиково каде што е во тек акцијата за расчистување на последиците од катастрофалното невреме

Повеќе

СЕ САНИРААТ ПРЕМИНИТЕ НАД ОТВОРЕНИТЕ КАНАЛИ ВО СИНЃЕЛИЌ

16.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија денеска /16.08.2016 година/ се на терен во Синѓелиќ каде што е во тек акцијата за расчистување на последиците од к

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ВО УВИД НА АКЦИЈАТА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ ВО ИНЏИКОВО

16.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, министерот за одбрана Зоран Јолевски и со градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, денеска извршија увид во активностите за расчистување на теренот

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ОРГАНИЗИРАШЕ ВЕЧЕРА ЗА СПАСУВАЧКИОТ ТИМ ОД ИСТАНБУЛ

16.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, вчера /15.08.2016 година/ во хотелот „Континентал“ организираше вечера за тимот спасувачи што пристигна од Градот Истанбул, Република Турција и активно се вклучи во справувањето со последиците од големите поплави од минатата сабота.

Повеќе

АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ГРАД СКОПЈЕ РАБОТЕА ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ПОГОДЕНИ ОД НЕВРЕМЕТО

14.08.2016 Повеќе од 100 вработени во администрацијата на Град Скопје, јавното претпријатија „Градски Паркинг“ и ЈСП-Скопје, денеска /14.08.2016 година, недела/ беа на терен и помагаа во поголем број на населени места погодени од невремето минатата сабота.

Повеќе

РАБОТНИ АКТИВНОСТИ ВО СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА ПОГОДЕНИ ОД ПОПЛАВАТА

14.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија ги продолжуваат деноноќните активности на терен за расчистување на последиците од катастрофалното невреме што во саботата го зафати Скопје.

Повеќе