ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ НА РАБОТНА АКЦИЈА ВО НАСЕЛБАТА ЕКОНОМИЈА

13.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и денеска /13.08.2016 година, сабота/, како и претходните денови, е на терен во поплавените подрачја во Скопје каде ја координира работата на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје.

Повеќе

ВОНРЕДНОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ НА ПОПЛАВЕНОТО  ПОДРАЧЈЕ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА УТРЕ

12.08.2016 Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради нестабилните временски услови и силниот ветер кој го попречуваше летањето на авионите и разнесувањето на средствата за дезинсекција, се одложи закажаната авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на поплавеното подрачје

Повеќе

СООПШТЕНИЕ

12.08.2016 Се известуваат граѓаните дека поради оштетен коловоз од обилни врнежи од дожд и непроодност на патот, повеќе линии на јавен превоз ќе бидат скратени или редуцирани. Таквата промена ќе важи за следниве линии:

Повеќе

СЕ ОДРЖА КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД СКОПСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН

11.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска /11.08.2016 година, четврток/ одржаа координативен состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион

Повеќе

ЕКИПИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ И ДЕНЕСКА МЕЃУ ПОПЛАВЕНИТЕ  ВО КАТАСТРОФАЛНОТО НЕВРЕМЕ

11.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија и денеска /11.08.2016 година/ се на терен во населеното место Сингелиѓ и ги расчистуваат последиците од катастрофалното невреме што во саботата го зафати Скопје.

Повеќе

СООПШТЕНИЕ

11.08.2016 Градот Скопје, по реакцијата на одредени медиуми во однос на поставувањето оргади (тараби) околу паркот „Жена Борец“, сака да ја информира јавноста дека истото е извршено поради обезбедување на просторот за вршење на градежни работи за реконструкција на паркот „Жена Борец“.

Повеќе

РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

11.08.2016 Градот Скопје повторно реагира на неоснованите обвинувања од страна на Општина Центар и градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски околу проектот за реконструкција и проширување на улицата „Тодор Александров“, на потегот од крстосницата со булеварот Мајка Тереза и улицата Белградска.

Повеќе

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КАТАСТРОФАЛНОТО НЕВРЕМЕ

10.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија, денеска /10.08.2016 година/ е во посета на населеното место Стајковци каде што интензивно се работи на расчистувањето на последиците од катастрофалното невреме

Повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АВТОБУСКИ ЛИНИИ

09.08.2016 Се известуваат патниците дека почнувајќи од утре (10.08.2016 година, среда) редукциите на линиите кои беа направени заради оштетен коловоз и непроодност на повеќе патни правци повеќе нема да важат и тоа:

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ НА ТЕРЕН НА СИТЕ ЛОКАЦИИ ПОГОДЕНИ ОД НЕВРЕМЕТО

09.08.2016 Екипите на Штабот за заштита и спасување и денеска /09.08.2016 година, вторник/ делуваа на терен со сета расположлива човечка сила и механизација на терен во насока на расчистување на последиците предизвикани од големото невреме кое го зафати Скопје.

Повеќе

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ НА ТЕРЕН, СЕ РАСЧИСТУВААТ ПОПЛАВИТЕ ОД ГОЛЕМОТО НЕВРЕМЕ

08.08.2016 Екипите на штабот за заштита и спасување и денеска /08.08.0216 година, понеделник/ делуваа на терен со сета расположлива човечка сила и механизација на терен во насока на расчистување на последиците предизвикани од големото невреме кое го зафати Скопје.

Повеќе

ОТВОРЕНА КНИГА НА ЖАЛОСТ ЗА ЖРТВИТЕ ОД КАТАСТРОФАЛНОТО НЕВРЕМЕ

08.08.2016 Денеска /08.08.2016 годна, понеделник/ во просториите на салата на Советот на Град Скопје (барака број 13) е отворена книга на жалост за загинатите во катастрофалното невреме што го зафати градот Скопје.

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ГИ ПОСЕТИ ИНЏИКОВО, ЦРЕШЕВО, СМИЛКОВЦИ, ВИНИЧЕ И СТРАЧИНЦИ

08.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /08.08.2016 година, понеделник/ посети неколку населени места кои беа погодени од големото невреме што пред два дена го зафати Скопје.

Повеќе

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ НА ШТАБОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

07.08.2016 Во текот на попладневните часови од вчерашниот ден /06.08.2016 година, сабота/ Скопје и скопската котлина беа зафатени со силно невреме составено од обилни врнежи на дожд и ветар со голема брзина кои предизвикаа поплави и други проблеми во главниот град.

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ГИ ПОСЕТИ НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ПОГОДЕНИ ОД ГОЛЕМОТО НЕВРЕМЕ

07.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /07.08.2016 година, недела/ посети поголем број на населени места кои беа погодени од големото невреме.

Повеќе

ПОЧНА „СКОПСКИ ЛЕТЕН РИТАМ“

06.08.2016 Со настапот на Тања Стојановска и Михајло Стојанов на класични гитари, вчеравечер /05.08.2016 година, петок/ на плоштадот Мајка Тереза, пред платото на МОБ, почна проектот „Скопски летен ритам“. Дел од публиката којашто присуствуваше на вчерашниот концертот беше и градоначалникот на Град Скопје.

Повеќе

КРИЗНИОТ ШТАБ НА ГРАД СКОПЈЕ ИНТЕРВЕНИРА НА ТЕРЕН ПО ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ НА ДОЖД

06.08.2016 Во моментов Скопје е погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број на сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број на скршени и паднати дрвја. Во моментов сите екипи на Штабот за заштита и спасување

Повеќе

СТАРТУВА МЕЃУНАРОДНИОТ МЛАДИНСКИ ТУРНИР ВО ФУДБАЛ „СКОПЈЕ КУП 2016“

06.08.2016 Над 700 млади фудбалери присуствуваа на свеченото отворање на третото издание на Меѓународниот младински турнир во фудбал „Скопје Куп 2016“, кое се одржа вчера /05.08.2016 година, петок/ на плоштадот „Филип Втори“.

Повеќе

„СКОПСКИ ЛЕТЕН РИТАМ“ ОД ВЕЧЕР НА ГРАДСКИТЕ ПЛОШТАДИ

05.08.2016 Директорот на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска, денеска /05.08.2016 година, петок/, на прес-конференција на плоштадот Мајка Тереза ги изнесe деталите за проектот „Скопски летен ритам“.

Повеќе

ПОКАНА

05.08.2016 Вечер, 05.08.2016 година (петок), во 20 часот, на плоштадот „Филип Втори“, официјално ќе биде отворен Европскиот фудбалски куп за младинци до 19 години, во машка конкуренција „Скопје куп 2016“. Фудбалскиот куп за отворен ќе го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Повеќе