ЗАВРШИ „ПИВОЛЕНД 2016“ 05.9.2016
Со настапот на Фолтин на Скопската тврдина (Кале) вчеравечер / 04.09.2016 година/ беше затворен годинешниов гурмански викенд на пиво „Пиволенд 2016“, фестивалот на пивото кој традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“.
Над 100.000 посетители на ПИВОЛЕНД пет дена се забававуваа, уживаа во музиката и пивото и беа сведоци на уште еден фестивал на три стејџа, со над 150 видови пиво и многу гурмански мезиња.
Македонските музички ѕвезди како Нокаут, Ефто Пупиновски, Фолтин, Тијана, Студени Нозе, Тамара, Дани, Дј Славе, Влатко Илиевски и многу други, докажаа дека можат да соберат многубројна публика на Кале којашто одлично се забавуваше на нивните настапи.
Годинава освен пивско и музичко уживање, посетителите имаа можност да се испробаат во адреналински спортови во „Акциската зона“ во мечување, кендо и стрелаштво, да посетат базар за ракотворби, но и голем избор на пивски игри во Игротеката за возрасни.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
.jpg)
