ПОКАНА

05.08.2016 Вечер, 05.08.2016 година (петок), во 20 часот, на плоштадот „Филип Втори“, официјално ќе биде отворен Европскиот фудбалски куп за младинци до 19 години, во машка конкуренција „Скопје куп 2016“. Фудбалскиот куп за отворен ќе го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Повеќе

ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ

04.08.2016 Градот Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека од утре (петок,05.08.2016 год.) ќе почнат градежни активности на улицата „Народни херои“, и ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај во тој дел на градот.

Повеќе

ПОКАНА

04.08.2016 Утре, /05.08.2016 година, петок/ директорот на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска на прес-конференција ќе ги изнесe деталите за проектот „Скопски летен ритам“, којашто ќе се одржи во 10 часот, на плоштадот Мајка Тереза, пред објектот на Македонска опера и балет.

Повеќе

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ФЕКАЛЕН КОЛЕКТОР ПО БУЛЕВАРОТ „ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ“

04.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски денеска /04.08.2016 година, четврток/ присуствуваа на почетокот на градежните работи од проектот за изградба на нов фекален колектор

Повеќе

СЕ ОБНОВУВААТ ПАТЕКИТЕ ВО ГРАДСКИ ПАРК

03.08.2016 Деновиве, екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на обновување на пешачките патеки покриени со бела ризла во првиот дел на Градски парк.

Повеќе

ПОКАНА

03.08.2016 Утре /04.08.2016 година, четврок/ во 10 часот, на крстосницата помеѓу булеварите „Партизански одреди“ и „8-ми Септември“ (од страната на СУГС „Здравко Цветковски“) ќе започне изградба на фекална канализација.

Повеќе

ПОЛОЖЕНИ ЦВЕЌИЊА ПРЕД СПОМЕНИЦИТЕ НА АСНОМ, НИКОЛА КАРЕВ И МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО

02.08.2016 По повод големиот македонски државен празник 2 Август на кој се одбележува 72-годишнината од одржувањето на АСНОМ и 113-годишнината од Илинденското востание, делегациja на Градот Скопје денеска /02.08.2016 година, вторник/ на повеќе места положија цвеќиња.

Повеќе

ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНИТЕ УЛИЦИ „АНАСТАС МИТРЕВ“ И „ВЕНИЈАМИН МАЧУКОВСКИ“

01.08.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска /01.08.2016 година, понеделник/ присуствуваа на пуштањето во употреба на реконструираните улици „Анастас Митрев“ и „Венијамин Мачуковски“.

Повеќе

ПОКАНА

31.07.2016 Градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, утре /01.08.2016 година, понеделник/ во 11 часот, на крстосницата меѓу улиците „Венијамин Мачуковски“ и „Анастас Митрев“ во населбата Мичурин ќе одржат прес-конференција.

Повеќе

РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕ НА ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СДСМ КИСЕЛА ВОДА

28.07.2016 Градот Скопје изминативе неколку години е во континуирана градежна офанзива каде се реализираат инфраструктурни проекти за подобрување на животот на жителите во Скопје.

Повеќе

ПОКАНА

28.07.2016 Градот Скопје Ве поканува на промоција на новиот парк во општина Аеродром, крај булеварот Февруарски поход, што ќе се одржи утре /28.07.2016 година, четврток/ во 12 часот, на просторот кај последна 5 во Аеродром.

Повеќе

РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕ НА СДСМ

28.07.2016 Почитувани, Во недостаток на проекти и идеи за подобрување на животот на граѓаните, СДСМ повторно излегуваат со соопштение, во која изнесуваат лаги во обид да ја манипулираат јавноста, се со цел да ја засенат денешната промоција на новиот парк во Аеродром.

Повеќе

ДОНЕСЕНИ ОДЛУКИТЕ ЗА ЗБРАТИМУВАЊЕ НА СКОПЈЕ СО ТИРАНА И САРАЕВО

27.07.2016 На 68-та седница која што се одржа вчера /07.07.2016 година, четврток/ Советот на Град Скопје едногласно ги донесе одлуките за збратимување на Градот Скопје со Градот Тирана и Градот Сараево.

Повеќе

СКОПЈЕ 63-ВИРТУЕЛНИ ИЗЛОЖБЕНИ ТУРИ

27.07.2016 Утре /26.07.2016 година/ во Музеј на град Скопје, во 20 часот, во рамките на одбележувањето на 53 години од катастрофалниот замјотрес во Скопје, градоначалникот Коце Трајановски ќе ја отвори изложбата „Скопје 63-виртуелни изложбени тури“.

Повеќе

ПОКАНА

27.07.2016 Градот Скопје Ве поканува на отворањето за сообраќај на продолжувањето на булеварот „Партизански одреди“ до црквата „Свети Петар и Павле“, кое е закажано за утре /27.07.2016 година, среда/ во 11 часот, спроти зелениот пазар во Ѓорче Петров.

Повеќе

КИЦ СО БОГАТА ЛЕТНА ПРОГРАМА

27.07.2016 Утре /27.07.2016 година, среда/, Културно Информативен Центар – Скопје и Градот Скопје, организираат два настани, односно ќе ги реализираат проектите „Скопје чита“ и Циклус „Доаѓаме“, што ќе придонесат за збогатување на културниот живот на граѓаните во овие топли летни денови.

Повеќе

53 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ

27.07.2016 Вчеравечер,/26 јули 2016 година (вторник)/, во Музејот на град Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ја отвори изложбата „Скопје 63-виртуелни изложбени тури“, по повод одбележувањето 53 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година се случи во Скопје.

Повеќе

РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

27.07.2016 Сакаме да ја информираме јавноста дека минатиот месец Градот Скопје ја почна реализацијата на капиталниот проект за реконструкција и проширување на улицата „Тодор Александров“, на потегот од крстосницата со булеварот Мајка Тереза и улицата Белградска, кај ОУ „Кочо Рацин“

Повеќе

ПУШТЕН ЗА СООБРАЌАЈ ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ПРОБИЕНИОТ БУЛЕВАР ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ

27.07.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, градоначалникот на Општина Карпош, Стeвчо Јакимовски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, голем број пратеници, како и членови на советите на Град Скопје

Повеќе

СООПШТЕНИЕ

26.07.2016 Градот Скопје реагира на информациите објавени во дел од медиумите во врска со исечени дрвја кај Собрание во Општина Центар. Сакаме да Ве информираме дека во текот на изминативе денови, во силното невреме и поројните дождови, на повеќе локации во Скопје се скршија поголем број гранки од дрвјата.

Повеќе