НОВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО САРАЈ 01.9.2016
![]() |
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати, и Бедри Ѓуреци, директорот на новото средно училиште „Сарај“, денеска присуствуваа на отворањето на училишниот објект.
- Новото средно училиште коешто е прво во Општината Сарај ќе им овозможи квалитетно образование на учениците од оваа општина. Градот Скопје заедно со Министерството за образование и наука го исполни барањето на жителите од оваа општина и го отвори училиштето во кое учениците ќе можат да следат настава за повеќе образовни профили - истакна градоначалникот Трајановски.
Новото средно училиште е со вкупна површина од 4 405 квадратни метри, во кое наставата ќе се одвива во 12 училници, 4 кабинети, голема фискултурна сала, читална и библиотека.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
.jpg)
.jpg)
