ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА 25.8.2016
Градот Скопје, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и Скопската Бискупија Ве покануваат на прес-конференцијата што ќе се одржи утре /26.08.2016 година, петок/ во 11 часот, во салата до Кабинетот на градоначалникот на Град Скопје (бул. Илинден бр. 82, барака 4).
На прес-конференцијата ќе биде презентирана програмата на Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“, која ќе се одржи во Скопје од 4 до 11 септември 2016 година по повод нејзиното прогласување за светица на 4 септември 2016 година во Ватикан од страна на папата Франциск.
На прес-конференцијата ќе се обратат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска и бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
