ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈA ОД ФРАНЦИЈА 09.9.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /09.09.2016 година, петок/ оствари средба со делегација од Комисијата за економска експанзија на департманот Val d Oise (CEEVO), Франција, предовдена од претседетелот на комитетот, Филип Суер (Philippe Sueur).
Во рамките на делегацијата на средбата беа и директорот на Комисијата за економска експанзија на департманот Val d Oise, Жан Франсоа Бенон (Јean-Francois Benon) и Медеја Спасова (Medeya Spasova), како и економскиот промотор на Република Македонија во Париз, Игор Николов, претставникот од амбасадата на Република Македонија во Франција, Габриел Атанасов и претставникот од Министерството за странски инвестиции, Александар Чамински.
Градоначалникот Трајановски на гостите од Франција им посака добредојде и убав престој во Скопје. За време на средбата, Градоначалникот Трајановски се осврна на досегашната соработка меѓу Градот Скопје и збратимените градови од Франција, Рубе и Дижон, а ги потенцираше и поволните можности за инвестирање во Република Македонија.
Претставниците од Комисијата за економска експансија на департманот Val d Oise (CEEVO) изразија интерес за економска соработка особено во областа на малите и средните претпријатија, а посочија и дека во наредниот период ќе извршат сондирање на локалните компании во насока на можностите за инвестирање.
Департманот Val d Oise е еден од најбогатите во регионот на Париз, со три аеродроми меѓу кои аеродромот Шарл де Гол и Бурже и со значителна економска активност со официјално регистрирани околу 4000 компании.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
