ПОКАНА 21.9.2016
Градот Скопје Ве поканува на големото велосипедско дефиле што утре /22.09.2016 година, четврток/ ќе се вози на градските улици по повод 22 Септември - Денот без автомобили и крајот на Европската недела на мобилност 2016.
Дефилето ќе стартува во 11 часот кај Порта Македонија. Велосипедистите потоа ќе возат по улицата 11 Октомври, а на раскрсницата со булеварот Кочо Рацин ќе завртат десно до раскрсницата со улицата Свети Кирил и Методиј. Потоа, ќе возат по улицата Свети Кирил и Методиј, па десно по булеварот Свети Климент Охридски, на раскрсницата со булеварот Партизански одреди ќе завртат лево и ќе возат по булеварот се до раскрсницата со улицата Никола Парапунов, потоа ќе завртат десно и по булеварот Илинден ќе пристигнат во Градскиот парк, на Школка.
Во 11:30 часот, на Школката во Градскиот парк, ќе се одржи забавен хепенинг со настап на уличните свирачи и наградна игра за учесниците во дефилето.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa

