СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАТОТ ДО БОЈАНЕ  ВО ОПШТИНА САРАЈ

07.09.2021 Градоначалникот Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска извршија увид во градежните работи за реконструкција на патот до Бојане во општината Сарај, што е во тек.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: СИТЕ СМЕ ОД ИСТА СТРАНА ВО БОРБАТА СО ПАНДЕМИЈАТА ОД КОРОНАВИРУСОТ

07.09.2021 Градоначалникот Шилегов денеска учествуваше на Првата годишна конференција што ја организира Министерството за финансии на тема „Економско заздравување и раст по Ковид“...

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ТИРАНА, ВЕЛИАЈ

07.09.2021 Градоначалникот Петре Шилегов денеска се сретна со градоначалникот на Тирана, Албанија, Ерион Велиај, кој е во еднодневна посета на нашата земја.

Повеќе

ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА БУЛЕВАРОТ КРСТЕ МИСИРКОВ

06.09.2021 Градот Скопје Ве известува дека од вечер, 06.09.2021 година, од 22 часот, па се до 05 часот наутро,на 07.09.2021 година поради изведба на градежни работи на булеварот Крсте Мисирков, комплетно затворен за сообраќај ќе биде потегот од пешачкиот премин кај Судовите/Адвокатска улица

Повеќе

ШИЛЕГОВ: ЛАГИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ ДА СЕ АЛТЕРНАТИВА ЗА СКОПЈЕ

06.09.2021 Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција одговори на неколкунеделните обвинувања од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со неговиот имот.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: РАБОТИМЕ НА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ПАРКИРАЊЕТО ВО ЧАИР

06.09.2021 Градоначалникот Петре Шилегов денеска на прес-конференција заедно со вицепремиерите во владата Артан Груби и Фатмир Бетиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу најавија решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во оваа скопска општина.

Повеќе

СЕ ПРОБИВА НОВА УЛИЦА ВО КРУГОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

05.09.2021 Град Скопје преку јавното претпријатие Улици и патишта започна пробивање на нова улица во кругот на Клинички центар која дополнително ќе го олесни движењето на возилата и пешаците што ќе овозможи намалување на застојот предизвикан од зголемената фреквенција на пациенти како последица на пандемијата.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: СЕ РЕКОНСТРУИРА БУЛЕВАРОТ КРСТЕ МИСИРКОВ КАЈ МАНУ

04.09.2021 Градоначалникот Шилегов денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на булеварот Крсте Мисирков во делот на општина Центар.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: РЕНОВИРАНИОТ БИТ-ПАЗАР СЕ ВРАЌА НА СКОПЈАНИ

03.09.2021 Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на реконструираниот Бит-пазар, еден од најпосетените пазари во Скопје.

Повеќе

НАГРАДЕНИ НАСТАВНИЦИТЕ ОД ПРОЕКТОТ ЗБОРУВАМ НА ЈАЗИКОТ НА МОЈОТ ДРУГАР

03.09.2021 Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов им додели признанија и награди на 45 наставници од седум средни училишта на Град Скопје за нивниот придонес и активно учество во унапредувањето на меѓуетничката интеграција во образованието преку реализација на заеднички часови со ученици кои учат на различни наставни јазици.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: ВО СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ НАСТАВНА ПРОГРАМА СО НОВО ЗАНИМАЊЕ - „ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР ВО ФАРМАЦЕВТСКА ИНДУСТРИЈА“

02.09.2021 Во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов” денеска беше промовирана паралелката „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: МЛАДИТЕ ИМААТ ВИЗИЈА ЗА РАЗВОЈ НА МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ

02.09.2021 Градоначалникот Петре Шилегов денеска се сретна со претставници на младински организации со кои разговараше за приоритетите и потребите на младите од Скопје.

Повеќе

ЗА ПРВПАТ ИТАЛИЈАНСКА ПАРАЛЕЛКА ВО ГИМНАЗИЈАТА „НИКОЛА КАРЕВ“

01.09.2021 Градоначалникот Петре Шилегов и министерката за образование, Мила Царовска денеска ги посетија средношколците во гимназијата „Никола Карев“, на почетокот на новата учебна година. На сите ученици, професори и родители тие им пожелаа многу успеси во учењето и во нивниот личен и професионален развој.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: КЛУЧКАТА КАЈ ВИЗБЕГОВО ЗНАЧИ ПРОБИВАЊЕ НА БУЛЕВАРИТЕ СЛОВЕНИЈА И ХАСАН ПРИШТИНА

31.08.2021 Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави уште еден голем проект за жителите на Скопје – изведбата на клучката кај булеварот Словенија, која заедно со клучката кај Момин поток се наоѓа на едната од двете главни рути кои ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот.

Повеќе

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТРАНИЧНОТО ЗЕЛЕНИЛО НА БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ ВО КАРПОШ

30.08.2021 На барање на жителите на Општина Карпош Градот Скопје ќе го обнови зеленилото на булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Московска до крстосницата со улицата Париска.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ: ВО СРЕДА ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ ЛАРВИ ОД КОМАРЦИ

30.08.2021 Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда (01.09.2021 година) ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Повеќе

ПРВИОТ ВИСЕЧКИ МОСТ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПОВРЗУВА ПОВЕЌЕ ГРАДСКИ ОПШТИНИ

26.08.2021 Изградбата на новиот висечки мост на улицата Љубљанска во скопската општина Карпош е во тек. Увид во градежните работи на овој значаен инфраструктурен објект денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, вицепремиерите, Артан Груби и Фатмир Битиќи, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и претставници на ТАВ.

Повеќе

СЕ ОТВОРА „БОСТАНИЕ“ - ПРВАТА УРБАНА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ

25.08.2021 Првата урбана градина во Скопје, сместена во паркот во Ново Лисиче, од денеска ги отвора вратите за посетители. Градината „Бостание“ е работена согласно со проектот на здружението на граѓани „Зелена Арка“, реализиран со финансиска поддршка на Град Скопје, а во соработка со Општина Аеродром, ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, Градежниот институт и повеќе општествено одговорни компании.

Повеќе

ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА КИНО-ПРОЕКЦИЈАТА НА ФИЛМОТ „ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ“

23.08.2021 Градот Скопје ги поканува граѓаните на одбележувањето на 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021) што ќе се одржи вечер, пред Споменикот на одредот во Карпош 3.

Повеќе

СКОПЈЕ СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА АНТИФАШИЗМОТ

23.08.2021 „Некои наши соседи со негирањето на нашиот антифашизам ги негираат и сопствените антифашисти” - Петре Шилегов

Повеќе