ГОЛЕМА ГЛЕДАНОСТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ НА МААЛСКИТЕ КОНЦЕРТИ НА ОТВОРЕНО ВО СКОПЈЕ 27.4.2020
Вчерашните маалски концерти од програмата „Култура за време на корона“ побудија голем интерес, имаа одличен прием кај околните жители и постигнаа голема гледаност на социјалните мрежи на Град Скопје. Во текот на вчерашниот ден на повеќе локации низ Скопје настапија Арда Мустафаоглу, Емилија Потевска Попивода, Дуња Иванова, Силви Бенд, Pluto’s Doubts и South Park, а на социјалните мрежи на Град Скопје имаа над 50.000 прегледи.

Град Скопје, заедно со градските културни институции објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници коишто ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Маалските концерти продолжуваат и во наредните денови на повеќе локации во Скопје.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
