Сектор за сообраќај

Структура
Одделение за организација на јавен превоз
Одделение за мониторинг и контрола
Одделение за техничко регулирање на сообраќајот
Одделение за планирање на одржлива урбана мобилност
Одделение за товарен сообраќај и урбана логистика
Надлежности

Секторот за сообраќај  врши работи во врска со планирање на одржлива урбана мобилност во градот Скопје, утврдување на условите и режимот на сообраќајот на подрачјето на градот Скопје, се грижи за безбедност на сообраќај и техничкото регулирање на сообраќајот,  работи што се однесуваат на мониторинг и контрола на јавен превоз, како и спроведување на законските и други прописи поврзани со и мониторинг и контрола на јавен превоз во надлежност на Градот Скопје, уредување и организирање на јавниот градски и приградски превоз на патници, авто-такси сообраќајот, изградбата, одржувањето и користењето на јавните паркиралишта од значење за градот Скопје, остварува соработка со надлежните органи од областа на сообраќајот, ги следи возилата од јавен превоз со автоматска локација на возила (АЛВ), врши контрола на почитувањето на регистарот на линии и возни редови, ја следи работата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП), ја следи работата организира и врши управно-надзорни активности над работата на ЈП “Градски паркинг“, учество и реализација на проекти поддржани од домашни и странски субјекти од областа на јавен превоз и мониторинг и контрола на јавен превоз,  иницира решавање на одделни проблеми поврзани со стационарен сообраќај, товарен сообраќај и урбана логистика и дава стручни мислења по значајни системски прашања од областа на стационарен сообраќај, товарен сообраќај и урбана логистика, во рамките на своите надлежности предлага мерки за решавање и унапредување на нивната работа, ја координира својата работа со другите сектори во рамки на  администрацијата на Град Скопје.

 

- Одделение за планирање на одржлива урбана мобилност:

 

  • следи законските прописи и другите општи акти од областа на локалната самоуправа и планирањето на урбаната мобилности се грижи за нивната примена;
  • врши планирање на одржлива урбана мобилност и дава стручни мислења по значајни системски прашања од областа на планирањето на одржлива урбана мобилност
  • покренува иницијативи за учество и реализација на проекти поддржани од домашни и странски субјекти од областа на одржливата урбаната мобилност;
  • дефинирање на сообраќајно – технички услови и следење на изработка на проектна документација за режим на сообраќај;
  • ги следи најновите достигнувања и меѓународните искуства на полето на планирањето на одржлива урбана мобилност и предлага иницијативи и активности за нивна примена;
  • се грижи за планирање на пешачки и велосипедски сообраќај;
  • се грижи за развивање, мониторинг и евалуација на имплементација на план за одржлива урбана мобилност;
  • врши анализа и подготовка на мислење за студии за процена на влијанието од планираните намени, содржини и градби врз урбаната мобилност;
  • развивање и ажурирање на макроскопски транспортни модели;
  • проверка и ревизија на макроскопски транспортни модели;
  • врши и други работи поврзани со планирање на одржлива урбана мобилност доделени од раководителот на одделението;
  • врши работи од областа на стационарниот сообраќај, како и спроведување на законски и други прописи во областа на стационарниот сообраќај;
  • се грижи за законито и квалитетно извршување на работите од областа на стационарниот сообраќај;
  • подготвува и предлага план за работа и се грижи за реализирање на планот за работа;
  • извршува стручно–аналитички активности за развој и усвојување на нови технологии во областа на стационарниот сообраќај;
  • учествува во подготвувањето на програмата за изградба, одржување и користење на стационарниот сообраќај (јавни паркиралишта) од значење за Градот Скопје и учествува во пратењето на неговата реализација;
  • изготвува решенија за условите и режимот на сообраќајот на одржување и користење на јавни паркиралишта, кои се од значење за Градот Скопје;
  • предлага мерки на управувањето со паркирање (планира, ја следи имплементацијата и врши унапредување на системот за управување со паркирање) преку изработка на стратегии, студии и проекти;
  • врши контрола над системот на зонско паркирање и дава предлози за организација на стационарниот сообраќај  ;
  • врши анализира на искористеноста и начинот на експлоатација на јавните гаражи и паркиралишта;
  • предлага мерки за унапредување на работата на ЈП „Градски паркинг“;
  • изработува база на податоци за стационарниот сообраќај;
  • го анализира транзитниот и стационарниот сообраќај во зона на спортски, културно – забавни и други јавни објекти и предлага адекватни мерки за зголемување на коефициентот на искористеност на паркинг – местата;
  • учествува во донесување на конкретни решенија по барање на правни и физички лица со анализа на ситуацијата на терен;
  • ја следи работата на ЈП„Градски паркинг“ и во соработка со надлежните сектори и одделенија стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи, планови за работа, финансиски планови, вработувања и др;
  • изработува планови за паркирање на товарни возила, меѓуградски и туристички автобуси како и за автобуси од јавниот превоз;
  • извршува аналитички активности врз основа на базата на податоци за кои се води посебна евиденција.

 

- Одделение за техничко регулирање на сообраќајот:

 

  • врши работи во врска со изведбата и одржувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација и сообраќајно-техничката опрема;
  • врши контрола над работата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот и системот за автоматско управување на сообраќајот;
  • врши подготовка, користење и ажурирање на ГИС за сообраќајна сигнализација и сообраќајно – техничка опрема;
  • ги следи и предлга мерки за унапредување на работата на ЈП Улици и патишта во областа на сообраќајот;
  • стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, за финансиските планови и годишните сметки и за други информации доставени од ЈП Улици и патишта;
  • изготвува стручно-аналитички и други материјали за комисиите на Советот на Град Скопје и дава стручно мислење за изготвените предлог одлуки, одобренија и други прописи, програми и други акти од надлежност на одделението;
  • врши работи што се однесуваат на светлосна сообраќајна сигнализација и интелигентните транспортни системи (ИТС);
  • подготвува решенија, мислења и согласности за сообраќајни планови, елаборати и проекти;
  • ја следи работата на ЈП „Улици и патишта“ предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на нивната работа;
  • се грижи за безбедност на сообраќајот и учествува во планирањето и спроведувањето на активности и кампањи за зголемување на безбедноста во сообраќајот;
  • врши проценка и унапредување на безбедноста на сообраќајната улична мрежа;
  • дава информации за граѓаните при промена или времена промена на режимот на сообраќај.

 

- Одделение за организација на јавен превоз:

 

  • прибира податоци и врши обработка на податоци за потребите за издавање на лиценци за линиски превоз на патници во Градот Скопје, лиценците за авто-такси превоз на патници, дозволите за определена линија за вршење линиски превоз на патници и дозволите за посебен линиски превоз на патници за подрачјето на Градот Скопје;
  • изготвува решенија за одбивање и одземање на лиценците за линиски превоз на патници во Градот Скопје, лиценците за авто-такси превоз на патници, дозволите за определена линија за вршење линиски превоз на патници и дозволите за посебен линиски превоз на патници за подрачјето на Градот Скопје;
  • решава предмети по приговор на превозниците и корисниците на јавен превоз<
  • ја следи работата на ЈСП „Скопје“ и во соработка со надлежните сектори и одделенија стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи, планови за работа, финансиски планови, вработувања и др,
  • извршува активности за дефинирање на услови за доверување (Дозволи) за јавниот линиски превоз на патници, спроведување на конкурси и договори;
  • изработува проектни задачи или технички карактеристики за тендерска документација во постапка за јавни набавки (проекти, студии, набавки и сл.);
  • изработува акти кои ги донесува Советот на Град Скопје, Градоначалникот на Град Скопје;

 

- Одделение за мониторинг и контрола:

 

  • ги следи возилата од јавен превоз со АЛВ;
  • врши анализа на јавниот линиски превоз на патници во градот Скопје и општините кои гравитираат кон градот Скопје во работата на учесниците во линискиот превоз на патници, ги анализира сообтаќајните токови и предлага соодветни мерки за подобрување на мрежата на линии, односно дава предлози за развој и унапредување на линискиот превоз на патници;
  • ја следи работата на ЈСП - Скопје, во рамките на свиоте надлежности предлага мерки за решавање и унапредување на нивната работа;
  • врши контрола на почитувањето на регистарот на линии и возни редови;
  • ги следи најновите достигнувања и меѓународните искуства на полето на јавниот линиски превоз на патници и предлага иницијативи и активности за нивната примена во градот Скопје;
  • предлага и покренува иницијативи за учество на конкурси и реализација на проекти поддржани од домашни и странски субјекти од областа на сообраќајот и превозот на патници;
  • работи на дефинирање на структурата на информациските системи, ги анализира и прати развојните современи процедури за ажурирање и одржување на информацискиот систем како и процедурите за контрола и надзор;
  • учествува во изработка на тарифен систем, интегриран систем за наплата и негово иновирање на база на податоците за продадени билети;
  • разработува предлози за конкретни проекти и активности за примена на технички иновации и технологија за безбедно одвивање на такси превозот и предлози и решенија за подобрување на авто-такси превозот на патници и врши анализа и дава предлози за унапредувањето на организацијата и вршењето на авто-такси превозот.

 

- Одделение за товарен сообраќај и урбана логистика

 

  • ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на локалната самоуправа и сообраќајот и се грижи за нивната примена;
  • врши анализа на товарниот сообраќај во градот Скопје и општините кои гравитираат кон градот Скопје, го анализира режимот на движење на товарниот сообраќај и предлага соодветни мерки за подобрување на веќе постоечкиот режим, односно дава предлози за развој и унапредување на товарниот сообраќај;
  • се грижи за законска, квалитетна и навремена подготовка на лиценци, дозволи и одобрениа во областа на товарниот сообраќај;
  • подготвува материјали за изработка на соодветни акти кои се однесуваат на дозволи за вонреден превоз, одобренија за достава на стока и лиценци за отстранување на оштетени возила и возила во дефект;
  • врши прибирање и анализа на податоци потреби за следење на состојбата во областа на сообраќајот и за изготвување на стратешките, плански и програмски документи.

 

Контакт

Помошник раководител на сектор: Зоран Дамјановски

Телефон: 02/3297-309

e-mail: zorand@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Помошник раководител на сектор: Јане Илијоски

Телефон: 02/3297-312

e-mail: Jane.Ilijoski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часо

 

Раководител на одделение за планирање на одржлива урбана мобилност: Александар Крстески

Телефон: 02/3297-311

e-mail: aleksandark@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за организација на јавен превоз: Александар Станковски

e-mail: Aleksandar.Stankovski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за мониторинг и контрола: Александар Ѓуров

e-mail: Aleksandar.Gjurov@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за товарен сообраќај и урбана логистика - Христина Кајевиќ

e-mailHristina.Kaevic@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот