Арсовска: Пред локалните избори во град Скопје се вработиле скоро 100 луѓе 01.4.2022
- Стотина нови административци биле вработени непосредно пред изборите. Во изминатите четири месеци гледаме како владејачката партија пласира невистини и манипулации дека ќе бидат потрошени средства на партиски вработувања што не е точно. Претпоставувам дека мислеле на нешто што тие планирале да го направат, но сега не се во можност бидејќи ги изгубија изборите. Неопходно е во градот и во јавните претпријатија да се консолидираат процесите. Ние гледаме дека тие ја зголемиле бројката на вработени за 100 нови, а услугите коишто им се нуделе на граѓаните не биле ништо поквалитетни. Напротив, трошеле пари на кафеани, на непродуктивни трошоци и сега повеќе за тие намени не се трошат парите на граѓаните, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување на ТВ Шења.
Арсовска истакна дека се во тек ревизии на работењето на градот и на јавните претпријатија во изминатите години и фактичката состојба од истите укажува на сериозни проблеми, истакнувајќи дека претпријатијата се финансиски девастирани.
- Сериозни ревизии се во тек, за дел имаме конкретни информации и за истите отпочнавме со информирање на јавноста. Во моментов ги сумираме дел од забелешките коишто ги добивме, но ќе покренуваме и соодветни постапки за нотирани злоупотреби на службената должност и овластувања и се што се правело а не било во интерес на граѓаните. Има основани сомненија, за истите ја известуваме јавноста и понатаму се доставуваат до надлежните институции коишто би требало по истите да постапат, за истото да не се повторува и во иднина, вели Арсовска.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
