Арсовска: Во Скопје се спроведува најголем еко капитален проект вреден над 160 милиони евра 01.4.2022
„За првпат во регионот спроведуваме проект вреден над 160 милиони евра за прочистителна станица во Скопје каде ќе се прочитуваат над 90% од урбаните отпадни води во Скопје. Ова е најголем еко проект во земјава. Ќе започнеме проект за рециклажа за градежен шут што за првпат исто ќе биде спроведен.“, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешното гостување на ТВ Шења.
За градоначалничката на Скопје екологијата е приоритет и досега се покажа за успешно системското решавање на депониите во градот.
„Сите диви депонии што беа детектирани во предизборните активности се исчистени. Тоа се над 150 депонии. Дел од нив се санираат, прераснуваат во зелени површини, на пример една од нив е во Ѓорче Петров каде сега ќе има парк. Имаме системско решение односно постојани контроли, високи казни, дојави од граѓани за обиди за креирање на нови депонии. Го решаваме овој проблем системски, бидејќи досега такви решенија немало“, додаде Арсовска.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
