Арсовска: За четири месеци решивме три пати повеќе предмети за АСНОМ отколку претходното раководство во три години 01.4.2022
За само четири месеци успеавме да решиме скоро три пати повеќе предмети за АСНОМ, отколку претходното раководство за три години. Со разговор со граѓаните на терен, без наметнување, со тоа што тие самите ќе бидат согласни и знаат што е во нивен интерес. Само за АСНОМ има над 270 севкупни предмети. Само триесетина биле решени за три години, а сега во четири месеци се решени над 80 предмети, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Арсовска во вечерашното гостување во емисијата Дебата на телевизија Шења истакна дека се што е во интерес на граѓаните ќе продолжи да се спроведува, а Град Скопје активно работи на решавање на спорните предмети, каде се туркале проекти без притоа граѓаните да бидат соодветно обештетени.
- Проблемот е во тоа што претходно некој непосредно пред избори или сред избори отпочнувал постапки за што и самиот бил свесен дека ги доведува во ситуација да бидат заглавени. За мене како човек, а сега и како градоначалник е недозволиво на некого да му ја срушите куќата, без притоа да имате соодветен договор и обештетување за тие граѓани. Законот за експропријација постои за да биде заштитен јавниот интерес, но без да бидат обештетени луѓето да се тераат процеси, не е хумано., изјави Арсовска.
Таа додаде дека Град Скопје работи на исправки на проектите истите да бидат реални и остварливи за доброто на граѓаните, истакнувајќи дека сегашните активности се само доказ дека нешто може да се направи за кратко време само доколку се работи посветено во интерес на градот и граѓаните.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
