ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ЛАЗАР ТРПОВСКИ 01.7.2019
![]() ![]()
Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Лазар Трповски во Општина Чаир. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов. - Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници во нашиот град. Пред неколку дена ја започнавме реконструкцијата на оваа улица Лазар Трповски, на потегот од кружниот тек со улица Втора македонска бригада до крстосницата со улицата Петар Ичко. Предвидено е да се заврши во рок од 20 дена, така што очекуваме по реконструкцијата на овој потег граѓаните да добијат безбедни сообраќајници, што е и наша цел. За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 2,5 милиони денари со пресметан ДДВ - рече Шилегов.
Во текот на летото ќе продолжат реконструкциите на повеќе булевари и улици во надлежност на Град Скопје. Реконструкциите на сите улици оваа градежна сезона завршувааат со рекордно кратки рокови, се со цел да се обезбедат услови за одвивање на сообраќајот без создавање сообраќаен метеж. Шилегов, повторно ги замоли граѓаните, за разбирање додека траат градежните активности. Исто така, тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.
|
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци






