Арсовска – Брот: Размената на добри практики и знаења меѓу европските градови се важни за локалниот развој 01.6.2022
Градоначалничката Данела Арсовска денеска оствари средба со Цвика Брот, градоначалник на градот Бат Јам во Израел, на маргините на Меѓународниот форум за градоначалници што се одржува во Скопје.
Енергетската ефикасност, одржливото управување со природните ресурси и заштитата на животната средина се главните теми на кои Арсовска и Брот разменија разговараа, како и за размената на добри практики за локален развој и потенцијалните можности за соработка.
Двајцата градоначалници изразија желба за понатамошна соработка и поддршка на проекти што ќе бидат од корист за граѓаните. На Меѓународниот форум за градоначалници што денеска се одржува во Скопје присуствуваат градоначалници од земјава и странство, реномирани експерти кои разменуваат знаења и добри практики со кои би се подобриле перформансите на општините.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
