ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 181 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНO ВОЗИЛО ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ 01.7.2021
Во текот на изминатата недела (24.06 – 30.06.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 181 возилo од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 26 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 155 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 360 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 26 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.
- ВЕСТИ
- 02.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 26.06.2024 - Соопштение за јавност
- 21.06.2024 - Соопштение за јавност
- 20.06.2024 - Соопштение за јавност
- 19.06.2024 - Соопштение за јавност
- 17.06.2024 - Соопштение за јавност