СО РЕКОНСТРУКЦИЈАТА, УЛИЦАТА ЏОН КЕНЕДИ ЌЕ ДОБИЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ И ОСЛОБОДЕНИ ТРОТОАРИ 02.9.2020
Улицата Џон Кенеди, во општината Чаир, за помалку од два месеца ќе добие нов лик. Од денеска екипи на Град Скопје вршат реконструкција на коловозот на оваа значајна сообраќајница, на потегот од булеварот Македонско-косовска бригада до булеварот Христијан Тодоровски Карпош. На оваа делница во наредниот период ќе бидат изградени и велосипедски патеки, ќе се заменат оштетените рабници и ќе се изврши нивелација на постојните шахти и сливници, на должина од 1.123 метри.
По реконструкцијата, улицата Џон Кенеди ќе биде 5-та сообраќајница на подрачјето на Чаир со оформени велосипедски патеки, по улиците Ќемал Сејфула и Втора македонска бригада и булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.
- Добиваме позитивни реакции од граѓаните од северниот дел на Скопје, покрај реконструкцијата на улицата Џон Кенеди наредната недела ќе почнеме со обнова и на улицата Македонско-косовска бригада. Веќе е изграден булеварот Христијан Тодоровски Карпош, се гради булеварот Босна и Херцеговина, а изграден е и кружен тек во Чаир – со една цел, како стратегија на градот, да обезбедиме рамномерен развој на инфраструктурата зашто овој дел од Скопје бил надвор од плановите за какво било дејствување. Кога е инфраструктурата во прашање сите граѓани на Скопје треба да имаат исти услови - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Вредноста на проектот за обнова на улицата Џон Кенеди изнесува околу 25,8 милиони денари, а рокот на изведба е 40 дена.
Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека се изведуваат градежните работи на оваа делница и да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим.
На почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Џон Кенеди денеска присуствуваше и заменик-градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност