Реконструкција на водоводна мрежа во населено место Бојане во општина Сарај 02.10.2023
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети извршија увид на завршните градежни работи на реконструкција на водоводна мрежа во населено место Бојане во општина Сарај.

Градежните активности на терен опфатија реконструкција на постојната водоводна мрежа, на која жителите реагираа дека има чести дефекти заради дотраеноста, како и заради незадоволителен профил и материјал на постојниот цевковод.
Со реализацијата на овој инфраструктурен проект се реши долгогодишен проблем во овој дел од градот, каде градот инвестира во обезбедување на квалитетни услови за живот во секоја општина, а жителите на ова населено место добиваат поквалитетно водоснабдување и нови приклучоци.

Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето согласно ветените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на проблемите со водоводната мрежа е еден од приоритетите.
- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
