Нова вело и пешачка патека на булeварот Србија и на булеварот Видое Смилевски Бато 02.3.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов извршија увид во градежните активности за изградбата на велосипедска и пешачка патека на булевар Србија, како и на продолжувањето на пешачката патека на булевар Видое Смилевски Бато.

Утврдено е дека градежните активности на патеките се одвива според предвидената динамика и планирано е нивно завршување во предвидениот рок. Ќе се задржи средишното зеленило и ќе се обнови, а и страничните делови на булеварите ќе бидат уредени со нови зелени површини и со нови садници.
Изградбата на вело и пешачката патека на булевар Србија е во насока од булевар Февруарски поход кон булевар АСНОМ, во должина од 850 метри и широчина од 4 метри (2 метри вело патека и 2 метри пешачка патека), на вкупна површина од 3.400 квадратни метри.

Изградба на пешачка патека на булеварот Видое Смилевски Бато е на потегот од страна булеварот Февруарски поход кон булевар АСНОМ, во должина од 300 метри и 3 метри широчина, на вкупна површина од 900 квадратни метри.
Изградбата на нови велосипедски патеки и подобрување на постојната велосипедска инфрастуктура во Скопје е еден од приоритетите на новата градска администрација. Истовремено ќе се работи и на развивање на велосипедската мрежа кон приградските населби, со што ќе се намали ризикот од возење велосипеди на коловозите, се со цел поголема безбедност на граѓаните коишто користат алтернативен превоз.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
