ПО ДВЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊА, ГРАД СКОПЈЕ ПРИСИЛНО ЌЕ ГИ НАПЛАЌА ДАНОЦИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА 02.11.2020
Град Скопје ги известува граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата (Сл.весник број 61/2004....23/2016), ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комуналната такса за фирмарина за 2019 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на град Скопје.
Доколку обврзниците не постапат по ваквите решенија, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки.
Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски.
Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи ја следната патека https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml .
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
