ОТВОРЕН ПОВИК - УМЕТНИЧКИ ПРЕСТОЈ ВО СКОПЈЕ 03.3.2020
Град Скопје ги известува уметниците кои живеат и работат во Скопје дека е распишан отворен повик за уметнички престој во Скопје, што ќе се одржи од 15 мај до 15 јуни 2020 година во соработка со Културно Информативен Центар, како дел од активностите на европскиот проект ко-финансиран од страна на програмата на Европската Комисија „Креатива Европа“ CreArt. Network of Cities for Artistic Creation.
Повикот се однесува за уметнички престој и работа во Скопје за двајца уметници, еден уметник кој живее и работи во Скопје и еден уметник кој доаѓа од 11-те градовите-учесници во проектот (Ливерпул, Ваљадолид, Џенова, Лече, Клермон-Феран, Руен, Загреб, Каунас, Лублин, Катовице и Авеиро).



Уметниците ќе творат во просториите на КИЦ, во периодот од 15 мај до 15 јуни, а на крајот од престојот ќе се организира изложба со новосоздадените дела.
Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на он-лине апликација на следниот линк
Рокот за пријавување е до 05 април 2020 година.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
