ГРАДОТ СКОПЈЕ НАПРАВИ ЦЕЛОСНА СИСТЕМСКА КОРЕКЦИЈА НА РЕШЕНИЈАТА ЗА ФИРМАРИНА ЗА 2020 03.6.2020
Градот Скопје ги известува сите таксени обврзници дека Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на „Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје“, и започнувајќи од 01.01.2020 година се изврши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката, и се намали комуналната такса за фирма, како дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници кои вршат дејност.
Поради наведеното, ги известуваме сите таксени обврзници дека Град Скопје, Одделението за утврдување и наплата на комунални такси и други надоместоци изврши целосна системска корекција на решенијата за 2020 година по намалени износи, а кои се однесуваат на Тарифниот број 1, согласно со донесената Одлука.
Доколку таксените обврзници сакаат да добијат коригиран примерок од решенијата, истите може да ги испечатат на официјалниот портал на Град Скопје https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml и тоа во ставката ДАНОЦИ, каде што е потребно да се регистрираат и понатаму да ги следат упатствата кои водат до саканиот чекор.
Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, Ви укажуваме дека натплатениот износ за такса ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник, ќе се изврши враќање на натплатениот износ.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
