Реконструиран првиот и вториот дел од пешачка патека на Јужен булевар 03.6.2022
Екипите на ЈП Улици и патишта го асфалтираа првиот и вториот дел од пешачката и велопатека на Јужен булевар во површина од 550 квадратни метри, која по налог на Град Скопје од неодамна почна да се реконструира во насока од градилиштето на Лимак до Стара рампа.
Градежните активности за реконструкцијата, според планот за работа ќе се одвиваат во неколку фази. Во тек се градежните активности и се врши ископ на земјен материјал, се поставува тампон слојот, рабниците и штом заврши асфалтирањето на еден дел од патеките се преминува на подготовка на теренот за следно асфалтирање. Вкупна површина што ќе се реконструира е 1.480 квадратни метри.
Екипите денеска ги поставуваат и новите 43 заштитни столпчиња на деловите каде што е асфалтирана површина и ќе продолжат со поставувањето до крај на потегот со завршувањето на реконструкцијата.
Со поставените заштитни столпчиња се спречува непрописното паркирање на возилата од несовесни граѓани, а со реконструкцијата на пешачката и велопатека ќе се овозможи полесно движење и ќе се зголеми безбедноста и на пешаците и на велосипедистите во овој дел од градот.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
