
ПОЗНАТИ ИМИЊАТА НА УМЕТНИЦИ ПО ГРАДОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКА ИЗЛОЖБА 2020 04.3.2020
Град Скопје, кој е дел од европскиот проект КРЕАРТ (CreArt) што се спроведува преку Мрежата на европски градови за уметничко творештво, упатува честитки до селектираните учесници од Скопје на Европска изложба 2020 - Дарко Алексовски и членовите на ОПА.
Кураторот и селектор на европската изложба, Пиетро Дела Гиустина ја направи следнава селекција на уметници по градови за учество на Европска изложба 2020 година:
- Клермонт -Феран: Жан Ромео; Валентине Траверс&Сара Вигиер,
- Авеиро: Родриго Малвар;
- Скопје: Дарко Алексовски; ОПА;
- Ваљадолид: Јорге Пелигро;
- Џенова: Стефано Серета;
- Лече: Серена Граси;
- Каунас: Аисте Амбразевициуте;
- Љубљин: Симон Попиелец;
- Руен: Бернард Полиморфе;
-Загреб: Весна Саламон;
- Ливерпул: Анти Кул;
Третото издание на Европската изложба, насловена „Што ќе се случи ако? Изборот за изградба на алтернативна иднина“, како што веќе беше најавено ќе се организира во 2020 година во 3 града учесници во проектот CreArt, а нивниот распоред и рута се следните:
- Авеиро (Португалија) од Мај до 28 јуни 2020 година;
- Џенова (Италија) во изложбениот салон на ,,Il Munizioniere inside Palazzo Ducale” од 13 јули до 22 август 2020 година;
- Скопје (Република Северна Македонија) во ЈУ Музеј на Град Скопје, од 25 септември до 30 октомври 2020 година.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност