Нов летен расад ги разубавува цветните леи и фигури низ градот 04.6.2022
Екипите на ЈП Паркови и зеленило деновиве интензивно работат на терен и ги подготвуваат површините за садење летен расад на цвеќиња, како и на замена на пролетниот со летен цветен расад. Екипите ги разубавуваат леите и цветните фигури со садење цветен расад од видовите:
тагетес, агератум, бегонија, целозија, колеус, цинија, цинерарија, салвија, пеларгониум и далија.
Наведените видови на цвеќе се од сопственото производството, односно од производните капацитети на претпријатието. Сезонски цветен расад екипите садеа во реоните Капиштец, Центар и во Автокоманда. Поради високите температури интензивно се наводнува зеленилото, а онаму каде што нема поставено систем за наводнување се носи вода со цистерни.
Екипите на ЈП Паркови и зеленило со цистерна го наводнуваа зеленилото во реонот Бутел и во Градски парк. Секторот дрвореди по барање на ЈСП за кастрење на гранки кои пречат на двокатните автобуси, извршија кастрење на 47 гранки на дрвја на булевар Кузман Јосифовски Питу, на потегот од Веро Џамбо до Железничката станица и од Железничката станица до трговскиот центар Бисер.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
