МКЦ ВОВЕДЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ПРИПЕЈД КАРТИЧКА 04.9.2019
За прв пат на домашните фестивали и културни настани, а по примерот на меѓународно реномираните фестивали, Младински Културен Центар (МКЦ) – воведе безготовински, припејд систем на продажба, што ја прави и прва културна институција во земјава што воведува припејд картичка.
Во соработка со Шпаркасе банка, МКЦ за првпат на деветтото издание на фестивалот „Здраво млади“ воведе специјализирана припејд картичка која ќе се користи за безготовинско плаќање на сите услуги во културниот центар. Со оваа картичка, посетителите на МКЦ ќе можат да купуваат пијалоци, работи на штандовите за продажба од артистите/изведувачи за време на фестивалите, како и производи од концептуалната продавница АП(O)ТЕКА, а наскоро истата ќе може да се користи и за градското кино Милениум.
Со МКЦ картичката се унапредува и модернизира продажбата на услугите во МКЦ согласно барањата на динамичната и модерна публика. Со користењето на припејд картичката во голема мера ќе се намалат гужвите и чекањата особено за време на големите фестивали и културни настани преку намалување на периодот на купување/плаќање, а истовремено ќе се зголеми ефикасноста на услугите, времето поминато за забава, но и зголемени приходи на оваа јавна установа.
Исто така, станува збор пред се за безбеден систем на плаќање кој не дозволува никакви финансиски малверзации.
Припејд картичката изнесува 30 денари и може да се подигне од просториите на МКЦ и важи исклучиво за настаните во МКЦ.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
