ШИЛЕГОВ: СЕ РЕКОНСТРУИРА БУЛЕВАРОТ КРСТЕ МИСИРКОВ КАЈ МАНУ 04.9.2021
Градоначалникот Шилегов денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на булеварот Крсте Мисирков во делот на општина Центар. Булеварот се реконструира на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај Мавровка, во должина од 550 метри.

- Пред две години завршивме со реконструкцијата на првата фаза од истиот булевар која го опфаќаше потегот од Мавровка до Бит Пазар, го реконструиравме и бул. Кочо Рацин на потегот од бул. К.Ј.Питу до бул. Св. Кирил и Методиј. Ако на тоа ја додадеме и изградбата на бул. Х.Т. Карпош, како и реконструкцијата на улицата Бихачка кои ги завршивме изминативе 2 години, можеме да кажеме дека главната сообраќајна артерија на правецот север-југ од Водно до северниот дел на скопската обиколница е во одлична состојба. Реконструкциите на сите улици од и од годинешнава градежна офанзива ги завршуваме со рекордно кратки рокови со цел да обезбедиме услови за одвивање на сообраќајот без создавање на сообраќаен метеж. Новите стандарди на квалитет во работењето, градењето по план и рекордно брзите рокови во кои ги завршуваме реконструкциите се нешто што граѓаните го препознаваат и поздравуваат секојдневно – рече Шилегов.

За реконструкцијата на оваа сообраќајница од Буџетот на Град Скопје ќе бидат потрошени околу 32 милиони денари, а реконструкцијата се предвидува да заврши во рок од 45 дена.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
