Град Скопје во втора фаза со градежните работи улица 50 во Шуто Оризари 04.11.2023

Град Скопје продолжува со втора фаза од градежните работи на улица 50 во Шуто Оризари, реконструкција која е од витално значење за жителите на оваа општина и со која се решаваат долгогодишни проблеми во овој дел од градот. Со реконструкцијата на оваа улица, како и со претходно завршените реконструкции на улиците 18, 38 и 40 се зголемува квалитетот на патната инфраструктура и значително се подобруваат условите за жителите во Шуто Оризари.


Реконструкцијата ја изведуваат екипите на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, а главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, за сите нашите сограѓани кои заслужуваат подобри услови за живот. Град Скопје продолжува и со реализација на инфраструктурни проекти за соодветна водоводна и канализациона мрежа, со цел реализација на проектите од програмата кои се барање од жителите на општината.


- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
