ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ И ВЛАДАТА НА СРЕДБА СО СКОПСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ 04.11.2020
Во просториите на Градот Скопје денеска продолжи социјалниот дијалог со претставниците на скопските пожарникари за решавање на настанатиот проблем и изнаоѓање нови решенија за нивните синдикални барања. На средбата присуствуваа претставници од ССМ и од Независниот синдикат на пожарникарите, градоначалникот Петре Шилегов, советникот во Владата за труд и социјална политика, Милан Живковиќ и Владимир Ивчев, од Министерството за одбрана.

-На денешниот состанок разговаравме како да стигнеме до брзи решенија за исплата на додатоците на плата кои се однесуваат на ризикот и опасноста при работа согласно со кои припадниците на противпожарната бригада треба да примат 20% повисока плата, почнувајќи од 2014 година, но и за системски решенија кои ќе подразбираат законски измени во Собранието кои ќе овозможат повеќе средства за пожарникарите. Добрата вест е дека политичка волја за надминување на проблемот постои и кај ЗЕЛС и кај Владата на РСМ, постојат буџетски средства, а постои и дијалог и со ССМ и со Независниот синдикат на пожарникарите. Проблемот е настанат за време на владеењето на претходната власт, но тоа не значи дека оваа власт нема да го реши. Впрочем, тоа и е разликата во начинот на владеење и одговорноста пред граѓаните, додека некои создаваа проблеми, ние ги решаваме – рече Шилегов.

На состанокот, на пожарникарите им беше понуден нов правилник за плата и беше договорено социјалниот дијалог да продолжи наредната среда.
Шилегов на средбата додаде дека решенија се барале и во периодот пред да почне протестот на пожарникарите, но преку дијалог дошле до заклучок дека ваквите решенија не се доволно брзи и прифатливи за синдикатот заради што заедно со Владата се работи на изнаоѓање нови решенија кои би можеле да стапат на сила уште во текот на овој месец.

- Упатувам огромна благодарност до припадниците на Противпожарната бригада на Град Скопје за покажаното разбирање за комплексноста на проблемот и за подготвеноста преку дијалог да стигнеме до оптимални решенија преку кои ќе бидат зголемени платите и додатоците, дури и пред донесувањето на законските измени во Собранието – порача Шилегов по состанокот со пожарникарите.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
