РЕПРИЗИ ОД „КУЛТУРА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА“ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ВО СКОПЈЕ 05.6.2020
Град Скопје повторно ја прави културата достапна во секој дом. Во наредните три дена, проектот „Култура во време на корона“ ќе се репризира за време на полицискиот час во Скопје.
Граѓаните ќе имаат можност секој час во текот на петок, сабота и недела, да уживаат во изведбите на различни уметници од независната културна сцена што беа дел од проектот „Култура во време на корона“. За време на полициски час, почнувајќи од денес, програмата ќе понуди разновидна програма – концерти на класична, поп, рок, алтернативна и електронска музика.
Настапите ќе се емитуваат на официјалната фејсбук страница на Град Скопје - https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_r
За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции неодамна го спроведоа овој успешен проект којшто броеше над 50 настани, со настап на повеќе од 200 изведувачи, и над 500.000 гледачи на социјалните мрежи и илјадници балкони во осум различни општини во Скопје.
Идејата на јавниот повик за оваа програма, покрај можноста граѓаните да уживаат во онлајн изведбите додека седат дома, беше и невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период да добијат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари од страна на Град Скопје.
Град Скопје Ви ја претставува „Култура во време на корона“ - https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/607950329813795/
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
