ДЕНЕС ДВА КОНЦЕРТА НА ОТВОРЕНО ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА 05.5.2020

Денеска ќе се одржат две нови изведби од програмата „Култура во време на Корона“. Вечер во 19 часот, кај Железничката зграда зад трговскиот центар Буњаковец, концерт ќе одржи групата Љубојна, а во 20.30 часот BONIFACE ќе имаaт свој настап кај паркот на ул. Вуковарска  во населбата Чаир.

Сите настапи ќе биде стримувани на:

- фејсбук страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs

- Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw

За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04. 2020 година,  објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:

1. Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и

2. Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.