
Соопштение за јавност 06.8.2025
Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.
Јавната дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 12 август 2025 година со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје барака 13 и тоа за Градска четврт СЗ 01 (од 9 до 10 часот), C3 02 (од 10 до 11 часот), C3 03 (од 11 до 12 часот), C3 06 (од 12 до 13 часот) и C3 07 (од 13 до 14 часот).
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 01:
- од запад и север: по граница на ГУП на град Скопје;
- од исток: по оска на Бул “Илинден“;
- од југоисток: по оска на улица “Тиранска“;
- од југозапад: по оска на улица “Шарпланинска“;
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 02:
- од запад и северозапад: по оска на Бул “Илинден“;
- од исток: по граница на ГУП на град Скопје;
- од југ и југоисток по оска на улица “Новопланирана собирна улица 15“.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 03:
- од североисток: по граница на ГУП на град Скопје;
- од југоисток: по оска на улица “Тиранска“;
- од запад и југозапад: по оска на улица “Лука Геров“.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 06:
- од северозапад: по оска на улица “Новопланирана собирна улица 15“;
- од исток: по оска на Бул “Илинден“;
- од југоисток: по оска на улица “Лепенец“;
- од југозапад: по оска на улица “Лука Ѓеров“.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 07:
- од север: по оска на улица “Новопланирана собирна улица 15“;
- од исток: по оска на река вардар, односно по граница на ГУП на град Скопје;
- од југоисток: по оска на улица “Словенечка“;
- од југозапад: по оска на Бул “Илинден“.
Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk
Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.
- ВЕСТИ
- 08.08.2025 - Соопштение за јавност
- 07.08.2025 - Соопштение за јавност
- 06.08.2025 - Соопштение за јавност
- 05.08.2025 - Соопштение за јавност
- 26.07.2025 - Викендов авионска дезинсекција против комарци
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност