„ЦВЕТАН ДИМОВ“ ДОБИ НОВА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ФАСАДА 06.9.2019
Средното училиште на Град Скопје „Цветан Димов“ од денеска има нова, енергетски ефикасна фасада со променет, модерен изглед во специфичен визуелен и естетски стил. Фасадата е изработена од алуминиумски композитни панели во боја и соодветна подлога во согласност со најсовремените светски стандарди за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и подобрена термичка и звучна изолација. Училиштето „Цветан Димов“ во Чаир денеска го посетија градоначалникот Шилегов и министерот за образование, Арбер Адеми.
- Ова е таа визија што ние како град ја имаме за тоа како всушност треба да изгледаат училиштата, местата каде што нашите деца се стекнуваат со образование. Парите на граѓаните ги трошиме за вистинските приоритети, за највисоките технолошки достигнувања што ги има на пазарот, наместо за стиропорите кои порано беа карактеристика на трошењето на градските пари. Овој зафат чинеше околу 34 милиони денари – рече денеска градоначалникот Шилегов.
Тој додаде дека во завршна фаза е и реконструкцијата на фасадата на средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ и нагласи дека Градот Скопје континуирано вложува во образованието и обезбедува подобри просторни и други услови за изведување на наставата и на воншколските активности, согласно со надлежностите на локалната самоуправа, а има добар партнер и во Министерството за образование.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
