Пречистителната станица во Волково во јануари пречистила 71.339 кубни метри отпадна вода 06.2.2022

Во текот на месец јануари годинава во пречистителната станица за отпадни води Волково пречистени се вкупно 71.339 кубни метри отпадна вода. Притоа, од механичкиот предтретман на водата се отстранети приближно 2 тона различен отпад, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води што доаѓаат од собирното подрачје на населбите Кисела Јабука, Стопански двор и Волково. Станицата е предвидена за 19.500 еквивалент жители. За пречистување на отпадните води се користи современа СБР технологија, а се прават и анализи на параметри кои се предвидени во дозволата за испуштање отпадна вода во реката Лепенец.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат и дека во периодот од 03.01.2022 година до 31.01.2022 година биле изработени анализи на 14 примероци од две мерни места. Направените анализи покажуваат задоволителни резултати и висок процент на ефектот на пречистување, а  вредностите на параметрите на излез се движат во границите на максимално дозволените концентрации според Правилник.